Амбасада на Република Северна Македонија во Хрватска

Најнови вести

Oбраќање на Oсмани на Дубровник Форумот

Во рамките на учеството на овогодишниот Дубровник форум, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, имаше свое обраќање на панелот на министри за надворешни работи, насловен „Меѓународната заедница и земјите од Западен Балкан: како да ставиме крај на карантинот?“ Во својот настап, Османи направи осврт на неодамна одржаниот Преспа форум за дијалог во Охрид, севкупниот реформски контекст поврзан со формалниот почеток на преговори со ЕУ, како и односот и очекувањата на земјите кандидати и претенденти за членство во ЕУ. “ЕУ мора да најде начин за интеграција на Западниот Балкан, што би претставувало географска и политичка консолидација на европскиот континент. Toj процес е од стратешки интерес за двете страни и потребно е поголемо вклучување на земјите од регионот во дебатата за иднината на ЕУ, на начин како иницијално беше овозможено за време на Преспа форумот и панелот на конференцијата Иднината на Европа.” истакна министерот Османи. “Во приближувањето на регионот до ЕУ, Брисел би морал да гарантира предвидлив и кредибилен процес, при што двете страни би се придржувале до прифатените обврски -испорачани реформи за формален почеток на преговори за членство, како за Северна Македонија и Албанија. Не постои друг начин Европа да биде целосна, освен интегрирањето на делот кој недостига”, додаде Османи. На панелот учествуваа и заменик-премиерот и министер за надворешни работи и дијаспора на Косово Грвала-Шварц, министрите за надворешни работи на Црна Гора Радуловиќ, Албанија Џачка, Чешка Кулханек, Грција Дендиас, заменикот министер за надворешни на Босна и Херцеговина Бркиќ, специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан Лајчак, членот на Европскиот парламент Зовко, назначениот висок претставник за Босна и Херцеговина Шмид и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Србија, Старовиќ.

 

Дубровник, 10 јули 2021 година

 

Работна посета на Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Фатмире Исаки на Република Хрватска

ЗМНР Фатмире Исакина 9 јуни 2021 година оствари средба во Министерството за надворешни работи со Државниот секретар за Европа на Република Хрватска, Андреја Метелко Згомбиќ. На разговорот беше изразено заемно задоволство од одличните билатерални односи и досегашната успешна соработка, како и заемната подготвеност за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и продлабочување на соработката на билатерален, регионален и мултилатерален план.  Соговорниците разменија мислења за можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка, со акцент на соработката на економски план, културната соработка како и активностите во насока на заштита и промовирање на правата на малцинствата во двете земји. Заменик министерот Исаки изрази благодарност за цврстата и безрезервна поддршка на Хрватска за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија и во овој контекст, започнување на пристапните преговори на нашата земја со Европската Унија. На средбата беа разгледани и актуелните состојби во Регионот и пошироко, иницијативите за регионална соработка, актуелните предизвици во справување со пандемијата, при што хрватската страна извести за одлуката за донирањена 10000 вакцини за нашата држава зашто беше искажана благодарност од Заменик министерот Фатмире Исаки. ЗМНР Исаки истотака, се сретна и со Звонко Милас, Државен секретар од средишниот државен уред за Хрватите надвор од Р.Хрватска.Двајцата соговорници како ко-претседатели на Меѓувладината мешовита комисија која го следи спроведувањето на билатералната Спогодба за заштита на малцинства, ги дискутираа областите што ќе бидат разгледувани на претстојниот состанок на меѓувладината комисија.  Тие искажаа задоволство од одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска, за што значително придонесуваат и припадниците на малцинствата по потекло од двете држави.Беше реафирмирана заемна подготвеност за продолжување на добрата и конструктивна соработка во рамките на меѓувладината комисија и договорено, петтиот состанок да се одржи во Република Северна Македонија. Вотекотнапосетата, бешеостварена и со Ермина Лекај Прлјаскај, пратеник во хрватскиот Сабор, како и со претставници на повеќе здруженија, културни друштва и заедници од Загребачката, Приморско-горанската и Истарската жупанија, во кои активно партиципираат лица по потекло од нашата држава.  

 

 

Министерот Османи ја претстави МКартата, наменета за наши истакнати личности во странство

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес на конференција за новинари го претстави проектот МКАРТА, наменета за поединци со потекло од Република Северна Македонија, како симболично признание за нивниот несебичен ангажман во насока на промоција на државата надвор од нејзините граници. МКартата претставува признание и потврда за истакнати личности или поединци од земјата кои живеат во странство, а кои со својата работа и професионалност покажале истакнат успех, а со тоа и вистинска промоција на Северна Македонија во странство, нагласи Османи. „Како нивна родна земја сакаме да им изразиме благодарност, би рекол на симболичен начин - да им вратиме, да им ја компензираме нивната улога на промотори на земјава, преставувајќи не како земја од која доаѓаат успешни и квалитетни луѓе“,  додаде тој. „Во еден подолг минат период, голем број луѓе не само што ја имаат напуштено земјата, туку и имаат остварен посебен истакната професионален и општествен успех таму каде што се наоѓаат. Тоа се успешни доктори, научници, бизнисмени, културни работници итн., кои сакаме да ги привлечеме кон земјава, да им ја зајакнеме врската и да создадеме потенцијал за нивно поблиско вклучување во нашите општествени текови„, истакна Османи. Идејата е таквите поединци да бидат дел од една поширока мрежа која подлабоко би била вклучена во општествените текови во државата. Целиот процес поврзан со МКартата ќе го координира Министерството за надворешни работи. Со картата ќе се добијат и одредени бенефиции, како слободен влез на културни настани, музеи и галерии, би се добило предност при аплицирање за проекти во рамките на програмите за соработка на Министерството за надворешни работи со поединци и здруженија надвор од Северна Македонија, олеснето регулирање на престој во државата и поддршка во случај на нови бизниси кои се ствараат и слично. Во соработка со други Владини ресори, се работи на проширување на листата на погодности. Планирано е детектирањето на таквите личности да го започнат дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во странство, а доделувањето ќе се реализира во строго предвидена процедура водена во рамките на Министерството за надворешни работи.

Туристички дестинации

Кањон Матка, Скопје

Крушево

Широк Сокак, Битола