Работна посета на Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Фатмире Исаки на Република Хрватска

10 јуни 2021

ЗМНР Фатмире Исакина 9 јуни 2021 година оствари средба во Министерството за надворешни работи со Државниот секретар за Европа на Република Хрватска, Андреја Метелко Згомбиќ. На разговорот беше изразено заемно задоволство од одличните билатерални односи и досегашната успешна соработка, како и заемната подготвеност за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и продлабочување на соработката на билатерален, регионален и мултилатерален план. 

Соговорниците разменија мислења за можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка, со акцент на соработката на економски план, културната соработка како и активностите во насока на заштита и промовирање на правата на малцинствата во двете земји.

Заменик министерот Исаки изрази благодарност за цврстата и безрезервна поддршка на Хрватска за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија и во овој контекст, започнување на пристапните преговори на нашата земја со Европската Унија.

На средбата беа разгледани и актуелните состојби во Регионот и пошироко, иницијативите за регионална соработка, актуелните предизвици во справување со пандемијата, при што хрватската страна извести за одлуката за донирањена 10000 вакцини за нашата држава зашто беше искажана благодарност од Заменик министерот Фатмире Исаки.

ЗМНР Исаки истотака, се сретна и со Звонко Милас, Државен секретар од средишниот државен уред за Хрватите надвор од Р.Хрватска.Двајцата соговорници како ко-претседатели на Меѓувладината мешовита комисија која го следи спроведувањето на билатералната Спогодба за заштита на малцинства, ги дискутираа областите што ќе бидат разгледувани на претстојниот состанок на меѓувладината комисија. 

Тие искажаа задоволство од одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска, за што значително придонесуваат и припадниците на малцинствата по потекло од двете држави.Беше реафирмирана заемна подготвеност за продолжување на добрата и конструктивна соработка во рамките на меѓувладината комисија и договорено, петтиот состанок да се одржи во Република Северна Македонија.

Вотекотнапосетата, бешеостварена и со Ермина Лекај Прлјаскај, пратеник во хрватскиот Сабор, како и со претставници на повеќе здруженија, културни друштва и заедници од Загребачката, Приморско-горанската и Истарската жупанија, во кои активно партиципираат лица по потекло од нашата држава.