Проф. д-р Милаим Фетаи, е вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северена Македонија во Република Хрватска од 1 мај 2021 година.
Роден на 11 јули 1958 годинa во с. Чегране, Гостиварско
По завршувањето на основното образование во родното место и средното образование во Гостивар, ги започнал студиите на Факултетот за политички науки на Универзитет во Загреб, Република Хрватска, каде што продолжува на постдипломските студии и се здобива со титулата магистар по политички науки од областа на меѓународните односи.
Со титула Доктор на политички науки се стекнува во Институтот за Европски Студии во Тиранскиот универзитет во Албанија.
Низа години работи и придонесува во повеќе општествени области, во науката, образованието, политиката, развојот на медиумите и друго.
Движење во службата:
Од основањето на Советот за радиодифузија во 1997 година до 2003 година е избран за потпретседател на Советот;
Во 2004 година бил ангажиран за реализација на ПАЦЕ програмата на ЕУ и Британскиот Совет во центарот за обука на јавната администрација во Скопје;
2004 – 2005 година Милаим Фетаи работи како управител на Националната телевизија Алсат-М, со седиште во Скопје;
2008 година е именуван за директор на Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во РМ;
Од 2010 – 2014 година е именуван за подпретседател на Советот за Радиодифузија на РМ.
Од 2014 – 2021 година ја врши функцијата на Заменик на претседателот на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги;
Од 2010-2021 година е во редовен работен однос во Правниот факултет на Универзитетот во Тетово по предметите: Меѓународно јавно право, Современи политички системи, Локална самоуправа, Хуманитарно и воено право и управување со кризи.
Ги има објавено следните трудови:
Научно истражувачка дејност
1. Книги
Монографија:
Охридски договор – основа за Демократизација и Еуроатланска Интеграција на Македонија. Објавено од ИПМС, Скопје 2017. Стр. 264. ISBN 978-608-4801-12-2.
2. Научни трудови
1) Областите на соработка меѓу Македонија и Европската Унија (Podrućja suradnje Makedonije i Europske unije); овој труд е објавен во списанието Međunarodne studije, Загреб, бр. 2-3 / 2001, стр. 166-186.;
2) Македонија и Европската унија (Makedonija i Europska unija); овој труд е објавен во списанието Međunarodne studije, Загреб, бр. 2/2004, стр. 57-73.
3) Решавањето на прашањето за положбата на етничките малцинства е услов за стабилизирање на мултиетничката држава (Rjesavanje položaja etničkih majnina je ujet za stabilnost multietničke držve) објавено во списанието Međunarodne studije Zagreb, бр. 3-4 / 2004, стр. 146-154
4) Улогата на меѓународните мировни мисии за зачувување на мирот и стабилноста во Македонија. (Uloga međunarodnih mirovnih misija u očuvanju miraistabilnostiu Makedoniji); овој труд е објавен во: Годишен зборник ,, Годишњак, Шипан 2005 “Уредник: Лидија Чехулиќ, издавач: Политичка Култура„ Nakladno-istraživacki zavod “Atlansko Viječe Hrvatske”, Zagreb, 2006., стр. 52-61.
5) Македонија и управување со кризи(Macedonia and Crisis Management). Овој труд е објавен во: „Годишен зборник на, Годишњак, Шипан 2006“ Уредник: Лидија Чехулиќ, Издавач: Политичка Kултура, „Nakladno-istraživacki zavod“ Atlansko Viječe Hrvatske, Zagreb, 2007 година. , стр. 152-159.
6) Македонија и НАТО; овој труд е објавен во: Годишен зборник ,, Годишњак, Шипан 2007 “Уредник: Лидија Чехулиќ, издавач: Политичка Култура„ Nakladno-istraživacki zavod “Atlansko Viječe Hrvatske”,Zagreb, 2008., стр. 122-132.
7) Македонија и НАТО – Спорот за уставното име на Македонија. (НАТО Македонија); ова дело е објавено во: Годишен зборник ,, Годишњак, Шипан 2008 “Уредник: Лидија Чехулиќ, издавач: Политичка Култура„ Nakladno-istraživacki zavod “Atlansko Viječe Hrvatske”,Zagreb, 2009. стр. 169-181.
8) Спорот со Грција и интеграциите на Македонија; овој труд е објавен во списанието за политичка култура и дијалог: Цивил Медиа, Скопје 2011. стр. 94-104.
9) Евроатлантскиот процес на интеграција на Македонија и тешкотиите со кои се соочува овој процес. Објавено во Научно и Професионално списаниеза право, УЛПИЈАНУС, ГОДИНА 2, Број 1 (2012) во Тетово 2012. Стр. 275-286.
10) Политичко-Правни основи на соработката на Македонија со Европската унија; овој труд е објавен во меѓународното правно-научно списание Улпијанус бр. 2/2014, Правен Факултет, Универзитет во Тетово, Тетово 2014. стр. 213-223.
11) Влијанието на Охридскиот договор врз процесот на децентрализација во Македонија; Овој труд е објавен во Меѓународното научно-правно списание „Јустисија“ бр. 8/2017, Правен факултет, Универзитет во Тетово, Тетово 2017. стр. 101-108.
12) Патот на Македонија да стане полноправна членка на НАТО. Овој труд е објавен во меѓународното научно списание ЦЕНРТУМ бр. 9/2018 година, од Центарот за институционално разбирање и соработка во Скопје 2018. стр. 277-287.
13) Краток преглед на соработката и предизвиците за влез на Македонија во НАТО (A brief overview on cooperation and challenges for Macedonia to join NATO). Објавено во Меѓународниот весник за општествени науки „ВИЗИЈА“ 29/2018. Скопје. Стр. 409-417.
Учество на меѓународни конференции
Учествувал на меѓународни конференции кои опфатија теми од областа на меѓународните односи, регионалната безбедност, улогата на медиумите во земјите во транзиција, а во некои од нив имали научно-стручни презентации и тоа во:
- Париз, Франција во 1999 година;
- Лондон, Велика Британија во 2003 година;
- Дубровник, Р. Хрватска во 2004; 2005, 2006; 2007; 2009; 2010; 2012; 2013; 2015; 2017 и 2018.
- Загреб, Р. Хрватска во 2005, 2006, 2010, 2012, 2013, 2017, 2018 и 2019 година.
- Брисел, Белгија 2012 година;
- Будва, Црна Гора, 2013 година
- Словенија, Порторож, 2013 година
- Истанбул, Турција 2011 година
- Крајова, Романија, 2018 година.
- Тирана, Р. Албанија во 2013 и 2019 година итн.